Skip to main content

Млад возач возел 83 над дозволеното – заработи кривична пријава

Вчера во 15:12 часот на магистрален пат Охрид – Ресен, кај место викано „Рибник Крушје“, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Ресен, при контрола во сообраќајот, сопреле патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(21) од с.Нижеполе, битолско.

Притоа, констатирано е дека го управувал возилото со брзина од 153 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината е ограничена на 70 километри на час.

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297-а од Кривичниот законик -„безобѕирно управување со возило“.

Поврзани вести