
Кривична против двајца од росоманското село Сирково поради неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи поднесе кавадаречката полиција, информираа попладнево од СВР Велес.
ОВР Кавадарци, до Основно јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против З.П.(57) и Б.П(34), двајцата од с.Сирково, општина Росоман, поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и експлозивни материи“, казниво по член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 18.03.2024, при претрес во нивниот дом и помошни простории во с.Сирково, извршен со со судска наредба, биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, куршуми различен калибар и други предмети, соопштија од СВР Велес.