Skip to main content

Карпошанец го истепал едниот, му го скршил мобилниот на вториот малолетен син

На 29.06.2025 во 02 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(41) од Скопје, по претходна пријава од неговата 40-годишна поранешна сопруга дека околу 00.30 часот во домот физички го нападнал нивниот малолетен син, а му го скршил мобилниот телефон на другиот нивен малолетен син.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Поврзани вести