
На 11.05.2025 во 19.00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.П. (23) од Кавадарци затоа што кај него биле пронајдени и одземени зелена тревкаста и бела прашкаста материја.
Подоцна, по добиени оперативни сознанија дека дрогата ја купил од Т.С.(41) од Кавадарци, на 12.05.2025 со судска наредба бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.С., при што била пронајдена и одземена зелена тревскаста материја, по што и тој бил лишен од слобода.
Ѓ.П и Т.С. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.