
Денеска (29.05.2025) во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.И.(27) од с.Крушопек, скопско, по претходна пријава дека на 28.05.2025 околу 22.20 часот на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата поранешна 23-годишна партнерка од Скопје, а нападнал и случајни минувачи, кои се обиделе да и помогнат, информира МВР.
Исто така, според пријавеното, истиот на 25.05.2025 околу 02.00 часот, физички ги нападнал неа и нејзината пријателка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.