
Вчера во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23-годишна битолчанка и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од Република Грција, соопштија од полицијата.
Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната битолчанка, констатирани во Клиничка болница Битола.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола

Македонски








