
Поради дефект на 110 киловолтна трафостаница „Аеродром” моментално поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Од Електродистрибуција за МИА соопштија дека нивни екипи се упатени на лице место со цел санација на дефектот.
Директорот на Центарот за управување со кризи вели дека се работи за пожар на дивата депонија Вардариште во прашање е поголем пожар каде што е зафатен поголем простор, но можнон е и постар објект.
Во моментот интервенираат 13 пожарникари со 5 ПП возила. Исклучени се далекуводите за Аердром и Лисиче заради пожарот, вели Мухамед Али, директор на ЦУК.