Skip to main content

Го призна убиството на Емилија Пешева, родителите бараат доживотен затвор за човекот кој „ѝ ги јадеше парите во казино“

Обвинетиот за убиство на 29-годишната Емилија Пешева, Фадил Зејнелов призна вина. Пресудата во Основниот суд Штип ќе биде објавена в среда, на 12 февруари.  Зејнелов денеска прес Судот ја призна вината, а мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година рече дека е неверство. 

Емилија зад себе го остави нивното малолетно дете. Родителите бараат доживотен затвор за човекот кој го уби нивното чедо. Велат со години ја малтретирал, им се заканувал и нив.

Обвинителство убаво кажа, максималната да биде доживотно сега судот како суд да го прифати тоа. Ние ќе се бориме доживотно да биде осудено лицето, монструмот што ни ја утепа ќерката. Сега рацете се во судот. Убиецот може да се кае, нека му утепаат некој на него па нека се кае. Убиецот ја користеше, јадејќи и ги парите во казиното, изјави таткото на убиената Емилија.

Мајката на убиената Емилија е гневна што пред судот тој тврди дека таа била неверна.

Он признава, се кае. Со тоа он мисли да добие од 10 до 15 години, така он си мисли. Поради неверство не е, он се закани дека ќе ја утепа. На сите се закануваше, имаме докази. Ако треба ќе дојдат и сведоци. Имаше плус и друга девојка, ги оставаше другите девојки да ја тепаат. Нека суди судијата, јас сакам доживотно е после јас пак ќе си трчам, пак ќе си тужам. Тие едни со него што просат му беа девојки она ги гледаше и после ја тепаа. Она беше болна од епилепсија и она зимаше нега и детски додаток, школарина, и ги коцкаше сите пари од негата ќе ја истепаше и ние го пријавуваме а никој ништо не превзема. Кога ќе стане ќерка ми од гробот, тогаш нека искочи и тој од затвор, спрема мене така нека го осуди судијата, вели мајката на убиената Емилија од Штип.

Зејнелов ја уби Пешева на 1 ноември 2024 ја уби Пешева, за што е обвинет за убиство со умисла додека вршел семејно насилство.

Според обвинението, тој со умисла ја лишил од живот

Во текот на истрагата се обезбедија докази според кои обвинетиот на 1 ноември, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка. Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на ЈП Исар за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој започнал силно да ја стега во пределот на вратот додека не дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот тој го напуштил местото и сам се пријавил во полициска станица.

Поврзани вести