Skip to main content

Фатени на дело како ја крадат оградата од новата градинка во Бутел

Фејсбук/Дарко Костовски

Каков е тој порив кој те тера да оштетиш нова детска градинка!? До каде може да оди човечкиот памет!?, прашува градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, кој сподели дека две лица се фатени на дело како сакаат со бонсек да исечат нова ограда пред влезот на новата градинка во Бутел 1.

Можно е да станува збор за истите лица кои нанесоа голема штета на истата градинка пред извесен период. Полицијата работи на расветлување на случајот. Сакам да се заблагодарам на новиот командир на ПС, за брзата и ефикасна реакција. АПЕЛИРАМ да го чуваме тоа што се гради, општина Бутел се менува, да не уништуваме тоа што треба да го оставиме на нашите деца, вели Костовски.

Поврзани вести