Skip to main content

Едниот возел пијан и без возачка, другиот 56 км/час повеќе од дозволеното – двајца дебрани ќе се гонат за безобѕирно возење

Двајца возачи од Дебар заработија кривични пријави за безобзирно управување моторно возило.

Во првиот случај, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против К.Ш.(35) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување моторно возило“.

При радарска контрола во патниот сообраќај, извршена на 25.01.2025 кај месноста „Сушара“ во Дебар, полициските службеници утврдиле дека тој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со брзина од 56 км/ч повеќе од дозволеното, при што постапил спротивно на членот 35 став 3 од Законот за безбедност во патниот сообраќај.

СВР Охрид, пак, поднесе кривична пријава против А.Л.(22) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување на моторно возило“.

На 31.01.2025 во Дебар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола и под дејство на алхохол.

Поврзани вести