Skip to main content

Дојава за поставена бомба во салата „Јане Сандански“ пред закажаниот концерт

Денеска (15.05.2025) во 18.49 часот непознато лице телефонски се јавило во СВР Скопје и рекло дека во салата “Јане Сандански” во Скопје, каде вечерва беше закажан музички концерт, има поставено бомба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Веднаш се преземени соодветни мерки и присутните во салата се безбедно евакуирани. Во тек се антитерористички проверки и по нивното завршување, доколку е безбеден објектот концертот ќе продолжи.


Поврзани вести