Skip to main content

Диви трки на автопатот Куманово – Скопје, полицијата одзеде „бмв“ и „поло“

Вчера и завчера во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје се одвиваат диви трки со патнички моторни возила кои предизвикуваат голема бучава.

Веднаш биле преземени мерки од полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово и поради сомнение за сторен прекршок биле одземени патничко моторно возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки управувано од М.В.(20) од село Долнени, прилепско и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(21) од Тетово, споделија од МВР.

По целосно документирање на слуајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Поврзани вести