![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/soobrakjajka-policiska-lenta.jpg)
Во напуштени магацински простории на подрачје на Гази Баба вчера полицијата пронашла 60 куршуми, 10 електрични детонаторски каписли, 11 вежбовни детонатори за рачни бомби и еден топовски удар со барут.
Како што информира денеска МВР, случајот вчера во полиција го пријавил граѓанин. Потоа интервенирале полициски службеници од СВР Скопје со Единицата за антитероризам и Единицата за службени кучиња.
Предметите се подигнати и предадени за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.