Skip to main content

Банда малолетници нападна татко и син на Бит пазар, и двајцата се избодени

Ноќва во 01.40 часот во СВР Скопје, Б.А.(38) од Скопје пријавил дека на 10.06.2025 околу 22.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, кои ги познавал, од кои едниот од нив употребил остар предмет и му нанел повреда.

Според пријавеното, подоцна малолетниците им упатувале закани на двајцата, при што истиот малолетник нанел повреда со остар предмет и на Б.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Поврзани вести