Skip to main content

Арачиновец пукал со сигнален пиштол на Бит Пазар откако две лица се обиделе да го нападнат

Вчера во 17.55 часот во СВР Скопје И.И.(32) од с. Арачиново, скопско, пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар, додека се движел со патничко возило, бил сопрен од две лица кои се обиделе да го извлечат надвор од возилото и да го нападнат.

Тогаш пријавителот извадил сигнален пиштол и испукал два пати во воздух, по што лицата го напуштиле местото на настанот. Нема повредени лица, соопшти МВР.

Известен бил jавен обвинител.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести