
Ако дел од секунда не ти осети тебе душата таков скриен гнев и длабок срам и несвесно не ја поднавалуваш главата додека одат вестите или некој околу тебе коментира мислам дека нешто не е во ред со тебе како машко, коментира поетот Дарко Лешоски, кој реагира на последниот случај со претепана девојка.
Доаѓа праг во едно време, општество, раздобје како сакате кажете, го кога се допрелива чашата, која одамна веќе и прелиена.
И така ќе го кажам на глас она кое 42 години сум го мислел од дно на срце, а ретко многу сум го кажал на глас. А ми идело да го кажам на кого било и без оглед на тоа кој го рекол и без оглед на последиците и во каква прилика и да го кажал и под каква и да е тешка или наивна околност да го изустил.
Ме полнела со многу гнев леснотијата и на тој или таа што го кажале, а уште повеќе со гнев таа општоприфатената лагодност од општеството пред и кон изустената „длабока мудрост“ :
„Ќотекот е од Рајот излезен!“.
Никогаш не сум го кажал вака на глас, а сум го мислел ама баш отсекогаш и ми идело да свикам: „Што знаеш ти за Рај бе пизда ли ти материна животинска?“
И да, колку и длабоко да го знаеме со сигурност она кое е вистина, дека не сме исти сите мажи, сепак, деновиве, месециве, годиниве, веројатно не секојдневно, ама во вакви моменти и хорор дежа ву-а, кога слушаш, гледаш, читаш, ако барем едно мало парче во душата ти не осетиш гнев, срам, едноставно брука што си ете по некоја случајност и ти си машко според пол, што си од Македонија, што си маж… ако не осетиш барем несвесен и сеуште неиспроцесиран скриен срам, жега во желудникот и стегање во градите, а имаш и мајка, сестра, жена, девојка, братучедка, другарка, колешка… ако дел од секунда не ти осети тебе душата таков скриен гнев и длабок срам и несвесно не ја поднавалуваш главата додека одат вестите или некој околу тебе коментира мислам дека нешто не е во ред со тебе како машко.
И ти треба сериозен разговор со некого кој ти е од доверба зошто тебе не ти е така.
Мислам дека не е во ред со тебе ако си машко и никогаш и нема да биде се додека не ти дојде и тебе да свикаш:
Рајот не овде повеќе. Рајот во други земји ќе го барате и со други луѓе.
Овде повеќе не! Доста беше!

Македонски



