Skip to main content

55 годишен маж паднал од тротинет, не побарал помош, почина по неколку дена

 Починат 55-годишен скопјанец бил однесен во ГОБ „8 Септември“. Според пријавеното тој на 31 јули паднал од тротинет но не се јавил во болница за да му биде укажана лекарска помош. 

– Вчера во 9:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош во ГОБ „8 Септември“ бил донесен починат Б.С., 55-годишен скопјанец. Според пријавеното, тој на 31 јули паднал од тротинет, но, не се упатил во болница за укажување на медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото е пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција, соопшти денеска МВР. 

Поврзани вести