Skip to main content

37-годишник загина од струен удар

Вчера во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека околу 08 часот, при изведување градежни работи на објект кај селските гробишта во село Соколарци, општина Чешиново-Облешево, С.М.(37) од село Соколарци, се здобил со повреди од струен удар, по што починал.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Штип.

Поврзани вести