Skip to main content

21-годишник од Турција со „бмв“ излета кај Чајле

Ноќва во 02.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат во с.Чајле, гостиварско, патничко возило ,,бмв“ со гостиварски регистарски таблици, управувано од Д.А.Б.(21) од Р.Турција, а со привремено живеалиште во Гостивар, излетало од патот.

При тоа, сопатничката Б.А. (22) од Р.Турција, а со привремено живеалиште во Гостивар, се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гостивар.

Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.

Поврзани вести