Skip to main content

11-годишно девојче прегазено на скопски булевар, зад воланот на „аудито“ бил млад возач

Млад возач со „ауди“ прегази малолетничка на скопски булевар.

На 05.08.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(23) од Скопје, удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, известија од полицијата во дневниот билтен.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани вести