Skip to main content

Плочки, монети или накит- што и да е, златно да е!

Freepik

Несигурни времиња, сигурна инвестиција. Златото не го губи својот сјај. Напротив, се посилно сјае. Во ова време невреме, кога цените на енергенсите и храната растат, а глобалните пазари се соочуваат со се поголема неизвесност, сè повеќе граѓани одлучуваат со дел од заштедите да го купат благородниот метал кој отсекогаш важел за најсигурна инвестиција, чија вредност последниве години достигнува невидени височини.На дилемата дали да се купи злато со чистота од 585 или 999, одговорот е дека за инвестиции, најдобар избор е злато со чистота од 999 (чисто злато), кое најчесто се користи во форма на златни прачки и монети. Од друга страна, златото со чистота 585 е посоодветно за накит, бидејќи нуди добра комбинација од издржливост и вредност.

Низ златарниците често може да се види врвулица од луѓе.

Интересот за купување злато е драстично зголемен последниов период, посебно откако со почетокот на воените дејства на Блискиот Исток, цената на златото малку падна. Луѓето купуваат убедени дека наскотро цената на златото ќе почне да се качува, па овој вид заштеда е сигурно прибежипте за оние кои имаат тргнато пари на страна. Наместо да ги чуваат во денари или евра, тие се решаваат да купат злато, кое никогаш не ја губи вредноста. Напротив, може само да расте. Она што е интересно е што граѓаните веќе не се интересираат само за накит, туку и за купување златни монети и плочки, како инвестициско злато. Поволноста во купување на инвестициското злато е што е тоа 24 каратно злато и што утре доколку сакате да го продадете, ќе изгуби мал дел од својата вредност, или пак може да бидете и во добивка, доколку во меѓувреме цената на златото скокнала. За разлика од ова чисто залто, накитот е од 14 каратно злато, па при евентуално продавање на накитот тој може да изгуби и до 50 отсто од својата вредност. Значи инвестициското злато купувачите го гледаат како форма на долгорочно исплатливо штедење – велат од златарниците.

Оттаму додаваат дека секој може да си дозволи да купи некоја златна плочка или монета, ако се откаже од на пример купување облека и обувки кои можеби и никогаш нема да бидат носени и само се трупаат по плакарите. Понекогаш може да се купат неколку грама, понекогаш и повеќе, што претставува начин да се заштедат пари без ризик од девалвација или нестабилност на валутите.

Ако некој му подарил пари на вашето дете, соберете ги и купете некоја златна плочка. Нема да изгуби од својата вредноат, напротив, детето ќе биде во добивка, па некогаш тоа злато може и да му се најде во некоја ситуација – велат од златарниците.

Така на пример една плочка од 24 каратано злато од 2,5 грама, може да се купи за околу 23.000 денари, плочка од 5 грама се продава за околу 44.600 денари, австриска монета од 24 каратно злато, Франц Јозеф, од 3,5 грама, се продава за 29.500 денари, британска паричка со ликот на кралот Чарлс, од 3.11 грама,. се продава за 29. 280 денари. Потешките монети и плочки, нормално дека чинат повеќе, но мора да се напомене, дека вредноста на ова инвестициско злато се менува неколку пати во денот, следејќи ги флукатациите на берзанските цени на златото.

Познавачите на финансиските пазари велат дека ваквото однесување е типично во периоди на глобална неизвесност. Кога акциите осцилираат, инфлацијата расте, а геополитичките тензии се зголемуваат, инвеститорите традиционално се свртуваат кон златото, како најсигурен начин за инвестирање.

Златото не губи вредност со инфлацијата како парите во банка и ја задржува својата реална вредност со текот на времето.

Според аналитичарите на Gold Standard, поради моменталните трендови и очекуваниот раст на цените, сега е најдобро време за инвестирање во злато.

Автор: Александрија С. Николовска

Поврзани вести