Skip to main content

За три месеци подигнати околу 400 кредити со поповолни услови при купување прв стан

За три месеци се подигнати околу 400 кредити со поповолни услови при купување прв стан, информираше денеска гувернерот на Народна банка, Трајко Славески, одговарајќи на новинарско прашање, по одржаната прес-конференција.

Тој потсети дека Централната банка ја донесе оваа мерка минатата година, а со важност од 1 декември.

Ние ги затегнавме на некој начин, условите, заради заштита од прекумерно задолжување кај граѓаните и на некој начин и кај банките, при стабените кредити за домаќинствата, за граѓаните, со олеснување, во спротивна насока, за семејствата, лицата коишто купуваат прв стан. Следиме секој месец, се разбира, не можеме да дадеме некоја резултна оценка. Но, еве, за првите три месеци од примената, од декември до крајот на феврари, има 400 такви кредити што се подигнати за купување на прв стан. Со овие поповолни услови од аспект нели на сопственото учество, што сега може да изнесува дури до само 10 проценти. Па, ќе информираме како што минуваат месеците. Мислам дека ќе има ефект – подвлече Славески.

Запрашан околу цените по метар квадратен станбена површина, тој рече дека според она што преку медиумите, го соопштуваат актерите на пазарот на недвижности, смета дека има извесно стабилизирање на цените.

Поврзани вести