Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Месечно платите со ВМРО-ДПМНЕ растат околу 370, а пензиите за 300 денари, со СДСМ платите 220, а пенизиите по 90 денари

Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ платите и пензиите растат значително побрзо, што директно придонесува за подобрување на животниот стандард и за поголема економска сигурност на граѓаните. Ако направиме директна споредба со периодот на владеење на СДС и ДУИ, разликата е очигледна. Кога СДС дојде на власта, во јуни 2017 година просечната плата изнесувала околу 22.800 денари, а до периодот на заджување на власт, мај 2024 година достигнала 41.250 денари, што значи дека за период од седум години просечната плата се зголемила за повеќе од 18.400 денари, односно со просечен месечен раст од околу 220 денари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од тоа, во јули 2024 година, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го презеде мандатот, просечната плата изнесувала околу 40.900 денари, додека во мај 2026 година достигнала над 49.500 денари, што претставува зголемување од околу 8.600 денари за само 23 месеци, односно просечен месечен раст од над 370 денари или околу 70%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека разликата е уште појасна кај пензиите. Во јуни 2017 година просечната старосна пензија изнесувала помалку од 15.300 денари, а во мај 2024 година достигнала над 22.900 денари, што значи дека за седум години таа се зголемила за речиси 7.700 денари, односно за околу 90 денари.

Во јули 2024 година просечната старосна пензија изнесувала околу 22.850 денари, додека во мај 2026 година достигнала над 29.700 денари, што, според ВМРО-ДПМНЕ, претставува зголемување од повеќе од 6.800 денари за 23 месеци, односно за околу 300 денари месечно или 325%.

Овие бројки се доказ дека економските политики даваат конкретни резултати и граѓаните можат директно да ги почувствуваат во своите семејни буџети. Разликата меѓу двете политики е јасна, додека претходната власт ништо не направи, а имаше години на располагање да го подобри животниот стандард на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за значително пократок период успева да обезбеди посилен раст на приходите и да создава услови за повисок животен стандард, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека Владата продолжува со политики насочени кон повисоки плати и пензии, привлекување нови инвестиции, отворање работни места и создавање посилна и поконкурентна економија.

Поврзани вести