Skip to main content

Трипуновски од Битола: Го слушаме гласот на земјоделецот, добронамерните идеи и сугестии ги реализираме на дело

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, од Битола порача дека земјоделството останува еден од најважните столбови на македонската економија.

На трибината „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, Трипуновски истакна дека регионот има значително влијание врз вкупното земјоделско производство во државата и дека токму затоа е важно директно да се слушне гласот на земјоделците.

Целта на трибината е да допреме до секој земјоделец, да ги објасниме мерките и чекорите кои ги преземаме се со цел зголемување на земјоделското производство и обезбедување на доволни количини на квалитетна и безбедна храна, како и стабилно ниво на приход на земјоделците“, нагласи министерот.

Тој додаде дека Министерството останува отворено за соработка со земјоделците, при што го слушаат гласот на земјоделецот, а добронамерните идеи и сугестии ги реализираат на дело. 

Поврзани вести