По девет месеци пауза од денеска во фунцкија се враќа железничката линија на релацијата Скопје – Гевгелија. Според новиот возен ред, патниците ќе имаат на располагање две линии во двата правци.
Во соопштението на „Македонски железници“ се наведува дека возовите од Скопје кон Гевгелија ќе тргнуваат во 06:20 и во 16:55 часот, додека во обратна насока заминувањата се предвидени во 04:30 и 17:02 часот.
Враќањето на втората линија стана возможно благодарение на поправката и повторното ставање во функција на локомотивата ‘МЖ 642 180’, што беше долгогодишна потреба за подобрување на железничкиот сообраќај на оваа релација“, велат од „Македонски железници“.
Оваа иницијатива е поздравена од редовните патници, кои ја користат железничката услуга за работа, образование или патувања. Од компанијата апелираат до граѓаните да го поддржат новиот редовен возен ред и да ги користат услугите на железничкиот сообраќај, кој се очекува да стане посигурен и покомфорен.