Skip to main content
РЕПОРТАЖА НА „СИ-ЕН-ЕН ТРАВЕЛ“

Сè уште постои една прекрасна земја во Јужна Европа со вкусна храна, одлично вино и без туристички гужви – и тоа е Македонија

Сè уште постои една прекрасна земја во Јужна Европа со вкусна храна, одлично вино и без туристички гужви – и тоа е Македонија, е насловот на репортажата за нашата земја објавена на „Си-ен-ен травел“.

Во репортажата се говори дека Македонија е недоволно истражен дел од Балканот каде слоевитата историја од византискиот и османлискиот до југословенскиот период создава разновидни култури со силна приврзаност и топло, искрено гостопримство.

Сместена веднаш северно од Грција, оваа земја без излез на море е една од најпланинските во светот, а драматичниот релјеф е централна точка на нејзиниот идентитет, се вели во репортажата.

Со шилести гребени и врвови што нудат пејзажи во сите четири годишни времиња — од електрично зелени падини до снежни карпи — Македонија претставува една од последните можности во Јужна Европа да се тргне по „помалку изодената“ патека, се додава во репортажата.

Земјата со 2 милиони жители, малку поголема од американската држава Вермонт, сè уште нема го доживеано масовниот бран туристи што секое лето го задушува поголемиот дел од Јужна Европа. Луѓето кои работат во туристичката индустрија се претпазливи во привлекувањето таков вид масовен туризам, кој би можел негативно да влијае врз квалитетот на живот на локалното население. Но тие знаат дека земјата има многу да понуди и дека туристичкиот сектор сè уште има простор за раст, пишува „Си-ен ен травел“.

Целата репортажа може да ја прочитате овде

Поврзани вести