
На лагите од СДС им нема крај. Од СДС на Венко Филипче, континуирано си поигруваат со граѓаните и им создаваат паника, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Еве неколку бројки со кои можеби на раководството на СДС поставено од Филипче ќе му биде појасно.
Во месец јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година просечната достигнала 41.252 денари.
Тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, што значи дека просечната плата во просек се зголемувала за околу 220 денари месечно.
Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше 40.961 денар.
Во мај 2026 година, просечната плата достигна 49.544 денари.
Тоа е зголемување од 8.583 денари за 23 месеци владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во просек, просечната плата се зголемувала за околу 373 денари месечно.
Во периодот на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата растела околу 70% повеќе месечно отколку во периодот кога на власт беа СДС и ДУИ.
Не се потребни празни зборови и политички пароли. Бројките зборуваат сами за себе.
Поголеми плати значат повеќе пари за семејствата, поголема куповна моќ и подобар животен стандард за граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, а резултатите се гледаат во бројките“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонски


