Skip to main content

РКЕ: Работиме на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобриме заштитата на корисниците

Freepik

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) веќе извесно време работи на сеопфатен пакет мерки со цел да ја подобри заштитата на корисниците, вклучувајќи месечно евидентирање на броилата, како и повремена проверка на броилата по случаен избор кај одреден број корисници кои поднеле жалби до РКЕ, информираат од регулаторното тело за МИА.

Според нивните зборови, овие механизми претставуваат дел од заедничката работа со надлежното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел да се зајакне довербата и да се разрешат недоумиците кај дел од граѓаните – корисниците кои се сомневаат во веродостојноста на мерните уреди (броилата).

РКЕ останува отворена и транспарентна како и до сега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност без разлика дали се организирани формално или неформално.

Од РКЕ за МИА изјавија: Овој сет на мерки ќе стапи во сила по завршување на сеопфатната експертска консултативна фаза и со Земак и Макосигре и сите засегнати страни, по што јавноста ќе биде детално запознаена со решенијата.

Денес во просториите на РКЕ се одржа средба со претставници на Здружението на инженери на Република Македонија, на која тие ги презентираа своите гледишта во врска со фактурирањето на електричната енергија.

Поврзани вести