
Откупот на тутунот е при крај. Иако законскиот рок е до крајот на февруари, сепак веќе се откупени околу 90 отсто од годинашната реколта. Досега се преземени над 20 милиони килограми во прва класа по 400 денари за килограм, а тутунарите треба да добијат плус 100 денари субвенција.
Во пресрет на новата производствена реколта, формирано е работно тело со цел навремено утврдување на начините на склучување на новите договори и договарање на откупните цени. Од Националната Земјоделска мрежа укажуваат на тоа дека преокупацијата на ова работно тело треба да биде загарантираната цена во идните договори и почитувањето на Законот за тутун.
Тутунарите пак велат дека мора да се стави ред во проценката на тутунот каде главен критериум ќе биде квалитетот на родот и согласно тоа и да се вреднува.
Инаку, во земјава околу 20.000 семејства се занимаваат со тутунопроизводство.