Skip to main content

Нови летови со Виз ер – Бари, Стокхолм, Мадрид и Ларнака од аеродромот во Скопје, Базел од аеродромот во Охрид

Новите 5 авионски линии на Визер – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија.

„Многу сум среќен што денеска, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии почнуваат од двата аеродроми, во Скопје и Охрид. Секако со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на Виз ер.

Сигурен сум дека овие 5 дестинации дефинитивно ќе бидат посетени и сакам да додадам уште нешто, многу важно, дека овие нови дестинации кои ги најавувам, се избор на патниците, избор на оние патувачи кои што со нетрпение очекуваат да бидат повзрзани со овие градови од двата аеродроми, од овде во Македонија.

Исто така сакам да се заблагодарам на нашиот тим од ТАВ Аеродроми кои ја дадоа својата поддршка за да ги спремиме овие дестинации и сега да можеме да ги споделиме со патниците.

Верувам дека ќе уживате во новите дестинации, ние не застануваме тука, ние сме посветени да обезбедиме што повеќе дестинации од двата македонски аеродроми и сигурен сум дека нè очекуваат уште повозбудливи нешта“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Поврзани вести