Skip to main content

Николоски: Ја амортизиравме кризата, нема никаков застој во снабдувањето со гориво

Фрипик

Со мерките што ги презеде Владата успеавме кризата да ја амортизираме онолку колку што беше можно, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред средбата со стопанственциите од Пелагонискиот Регион за тековните и идните инфраструктурни проекти.

Николоски најави дека со стопанствениците од регионот ќе разговараат и за актуелните предизвици во состојба на економска криза, која што, потенцираше, се надевам оти ќе заврши за брзо време бидејќи доаѓаат позитивни вести за завршување на конфликтот на Блискиот Исток.

Тоа е еден огромен предизвик, со кој што се справуваме. Како Влада презедовме итни мерки. Македонија во моментов има најевтино гориво во целиот регион, и нема никаков застој во снабдувањето, што не е случај со останати други држави. Скопскиот и охридскиот аеродром редовно функционираат, за разлика од други аеродроми. И приштинскиот аеродром исто така се снабдува преку македонските снабдувачи, што значи дека успеавме кризата да ја амортизраме онолку колку што беше можно, рече Николоски.

Како што појасни, за Скопје и за Охрид немаме проблем и најголем дел од авиокомпаниите ги користат овие аеродроми за да полнат гориво за дестинациите кои што ги определуваат од скопскиот или охридскиот аеродром, со цел да можат да продолжат кон другите дестинации.

Имаме зголемена потрошувачка на керозин на двата аеродроми, што е добро затоа што тоа влегува и во прометот во државата, влегуваат девизи, а дополнително и аеродромот во Приштина се снабдува преку нас. Ние никогаш не ставивме блокада на снабдувањето, иако други држави тоа го прават. Доколку го направевме тоа, ќе требаше да се затвори аеродромот во Приштина. Со самото тоа што го правиме ова, јасно е дека состојбата е добра. Согласно закон, треба да има резерви за шеесет дена, ние имаме резерви на керозин за деведесет дена, а дополнително на дневна основа тоа се надополнува, така што снабдувањето оди редовно и затоа немаме ниту еден откажан лет од скопскиот и охридскиот аеродром, рече Николоски.

Дополнително, потенцира, имаме нови дестинации кои што се отвораат. Во летниот период почнува да се лета за Вроцлав и за Краков, како и редовната линија за Виена, а започна и линијата за Милано од охридскиот аеродром, додека од скопскиот имаме преку десет нови дестинации, така што состојбата е добра.

Клучни проекти за развој на Пелагонискиот Регионот на кои што се работи, како што наведе, се автопатот Прилеп-Битола, чија изградба се одвива со одлична динамика и по првите километри според ветувањето од изведувачот ќе се вози напролет следната година. Исто така и изградбата на делницата од Фариш до Прилеп, обиколницата за Битола на чие прокетирање веќе се работи и проектот за парно во оој град, како и гасификацијата помеѓу Прилеп и Битола. Со МЖ Инфаструктура, МЖ Транспорт, пак, информира дека, се работи во јуни да биде пуштен меѓуградски воз на релацијата Прилеп-Битола -Жабени со промотивна цена од 150 денари за повратна карта.

МИА

Поврзани вести