Skip to main content

МЗШВ: Трибината „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ во Битола помина во конструктивна атмосфера

Вчерашната трибина која што се одржа во општина Битола, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, помина во конструктивна атмосфера, се наведува во реакцијата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Земјоделците на трибината поставија низа прашања, на истите беше одговорено, што и ja претставува суштината на оваа кампања.

Целта на трибината е директен дијалог и слушање на реалните потреби на македонските земјоделци.

Воедно, сакаме да истакнеме дека однесувањето на одредени поединци и однапред смисленото сценарио говори исклучиво за нив самите.

Апелираме информациите да се пренесуваат објективно, без генерализација која не ја отсликува реалната слика од вчерашната трибина“ се вели во соопштението.