Skip to main content

Мицкоски: Исплатени околу пет милиони евра субвенции на повеќе од 12 000 лозари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека поддршката за производителите во сите земјоделски гранки продолжува и тоа, како што напомена, е еден од главните приоритети на Владата.

Одговорајќи на новинарско прашање, тој  истакна дека на повеќе од 12 000 лозари им се исплатени околу пет милиони евра субвенции.

-Мислам дека таа тенденција ќе продолжи и следната година, исто како во другите земјоделски гранки. Тутунарите имаат рекордна цена, тоа ни е главен фокус и така ќе биде и годинава, подвлече Мицкоски по посетата на Општина Гази Баба.

На 14 февруари годинава, на празникот Свети Трифун, беа исплатени 315 745 324 денари кон 11 689 лозари за остварено производство на грозје, информираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар. 

Поврзани вести