Skip to main content

Мицкоски: Градежен бум во Јегуновце и решавање на проблемите на граѓаните

Ценам дека ова денес што го видовме е навистина импресивно. Но, ова е само дел од тоа што Диме како градоначалник заедно со администрацијата, заедно со советниците, заедно со пратениците и од Јегуновце, но и од полошкиот регион го прават за Општина Јегуновце, кажа во своето обраќање од Јегуновце претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Во периодот којшто следи како што кажа и градоначалникот ќе имаме и уште дополнително проекти коишто ќе бидат финансирани од буџетот на државата, но истовремено и од буџетот на општината. Очекувам овој градежен „бум“ да продолжи со што ќе се подобрат условите за живот, ќе се поткрене нивото и стандардот на граѓаните. Убеден сум дека само со посветена, чесна, напорна работа се постигнуваат резултати. Се останато е политиканство. Ние не сме тука за да водиме политиканство, ние сме тука за да работиме за интересот на граѓаните. Уште еднаш честитки до Диме како градоначалник и очекувам во следниот четири годишен мандат уште многу други, стотици проекти да бидат реализирани, истакна Мицкоски.

Поврзани вести