Skip to main content

Буџетот за 2025 година – Почеток за консолидација со добро избран модел на раст

Буџетот за 2025 година е слика на ветениот модел на економски раст на новата влада и на започнатите мерки и реформи како на приходна, така и на расходна страна. Покрај силната поддршка на инвестициите, она што е одлика на буџетот за 2025 година се напорите за стабилизиција на јавните финансии, мисија којашто ќе биде тешка, но не и невозможна. Претходната власт остави достасани, а неплатени обврски од 683 милиони евра, што е дефицит за повеќе од една година, кој директно или индиректно треба да го покрива новата влада. Овие неплатени обврски во дел се помирија во 2024 година, но некои ќе се исплаќаат во 2025 година, што пак се рефлектира во износот на трошоци за стоки и услуги, трансфери итн, вели за pari.com.mk, Маја Кадиевска Војновиќ, финансиски експерт и поранешен вицегувернер на Народната банка на Македонија.

Паралелно со ова, преземените високи обврски од претходниот период за каматни отплати, за пензии и плати (и пред линеарното зголемување на пензиите и последното усогласување на платите) ќе тежат подолг период. Пишував во минатото дека неуспешното справување со висока инфлација во 2022 и 2023 година ќе биде голем трошок за економијата. Во изминатите години немаше суштински реформи за прибирање на приходите, ниту раст на економијата за да генерира раст на приходите. Напротив, нереалното собирање на приходите заради високата инфлација и растот на минималецот, а со тоа и на платите во економијата беа причина за раст на приливите од ДДВ, од личен доход и од придонесите. Но во исто време, ова предизвика високи преземени фискални обврски за усогласување на пензиите со инфлација и со растот на платите, како и за усогласување на платите во јавната администрација (некаде повеќе некаде помалку). Затоа алармирав дека високата инфлација од тој период беше и сѐ уште е голем трошок за економијата.

Најзначајно е што во буџетот за 2025 година се инкорпорирани започнатите реформи на новата влада во повеќе области за кои малку јавно се зборува. Во 2025 година буџетскиот дефицит се очекува да биде 41.350 милиони денари или 672 мил.евра и ќе биде понизок за 7,4% од дефицитот со ребалансот на 2024 година. Изразен како процент од БДП ќе изнесува 4%, што повторно е пониско ниво од 2024 година (4,7% од БДП).

На среден рок се очекува постепено намалување на дефицитите и со тоа исполнување на фискалното правило за дефицит на општата влада од 3% од БДП. Исполнувањето на фискалното правило не може да се случи преку ноќ, во услови на значајно уништен фискален простор од претходната влада. Големите буџетски дефицити во пост-ковид периодот заради нескротеното трошење и злоупотреба на јавните пари доведе до високо задолжување, кое последните три години се одвиваше во услови на раст на каматните стапки. Тоа неповолно се одрази и сѐ уште се одразува во високи трошоци за камати, кои во 2025 година ќе достигнат 2% од БДП. Но дека започна фискалната консолидација покажува токму примарниот буџетски дефицит (вкупниот дефицит без трошоците за каматни отплати) кој во 2025 година ќе изнесува 2% од БДП во 2025 година, што е значајно пониско ниво од претходниот период. Ова е доказ за започната фискална консолидација, којашто наредниот период ќе продолжи и со посилно темпо, сѐ со цел повторно враќање на фискалната одржливост на долг рок. Одговорна влада се грижи и за идните генерации, а неодговорна само за себе, пишува Кадиевска Војновиќ.

Целиот текст на линкот

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escort