Skip to main content

Бишев: Постои консензус дека има недостаток на средства во Пензискиот фонд, останува да се утврди терапија

Проекции се прават од сите страни, а клучно е дека постои свесност дека недостасуваат средства во Пензискиот фонд и дека е потребно да се изнајде решение за санирање на дупките во фондот, порача денеска Глигор Бишев, претседателот на Фискалниот совет.

Ние имаме дијагноза и дијагнозата е заедничка. Постои консензус, а тоа е дека има недостаток на средства. Останува да се утврди терапија. Терапијата се дискутира и ние не сме замена за носителите на економските политики. Тоа во една поширока дебата е решение што на крај треба да го усвојат и да го решат носителите на економските политики – изјави Бишев во одговор на новинарско прашање пред почетокот на презентацијата на Извештајот на Светска банка за земјава.

Оцени дека доколку не се изнајде решение, тогаш Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на долг рок ќе мора да се финансира од буџетот.

За 2025 и 2026 година тој процент достигнува 37-38 проценти од вкупните исплати за пензии и тоа не е нешто што не е вообичаено, меѓутоа ние укажуваме дека тој обем претставува сега товар и за самиот буџет. Тие се големи средства и заради одржливост на буџетот ќе треба да се најдат соодветни приходи во рамките на буџетот, бидејќи и средствата во буџетот имаат одредени намени – рече Бишев.

Истакна дека исплатите за пензии коишто учествуваа со 8,8 проценти од БДП оваа година достигнуваат околу 10,3 проценти од БДП, а со најавеното зголемување во 2026 година доаѓаат до 11,5 проценти од БДП.

За да се зголеми учеството на пензиите во БДП треба нешто друго да се намали – дали е тоа лична потрошувачка, дали е инвестиции, дали се плати. Ние го изнесовме тоа, укажавме и сега останува да се дефинираат соодветни политики. Една од политиките е тоа учество на долг рок да остане со тој процент – појасни Бишев.

Одби да коментира дали е добра опцијата за национализација на Вториот пензиски фонд како што некои предлагаат.

Тоа не е наше да коментираме. Ние сме независно стручно тело кое има функција да укаже на ризиците што постојат за стабилноста на јавните финансии. Ние тоа го направивме и не сакаме да ги преземаме функциите што се на носителите на економските политики, а тие функции се на Владата и ние целосно веруваме дека Владата има експерти и соодветни институции кои ќе изнајдат соодветно решение – укажа Бишев.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom giriş