Skip to main content

Вучевиќ: Наскоро очекуваме обвинение за трагедијата во Нови Сад, нема да има заштитени

Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека верува оти обвинителството е при крај со истрагата за уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а две се тешко повредени.

Можеме да очекуваме обвинение во наредните недели. Како адвокат велам дека се одвива исклучително брзо, изненадувачки брзо, но обвинителот веројатно има доволно факти, информации, податоци и докази за да биде подготвен да поднесе обвинение“, вели Вучевиќ во изјава за белградски медиуми.

Тој додаде дека е „природно, нормално и задолжително да се утврди кој е виновен, одговорен“, пренесе Бета.

Вучевиќ додаде дека се подготвува голема и обемна кампања за борба против корупцијата и криминалот, против оние кои ја злоупотребиле довербата на граѓаните за лично богатење и нагласи дека нема да има заштитени.

Подготвуваме голема и обемна кампања за борба против корупцијата, криминалот и оние кои ја злоупотребија довербата на граѓаните за лично богатење. Тоа не значи дека тоа ќе биде лов на вештерки, законот ќе се почитува“, изјави Вучевиќ. 

Поврзани вести