Skip to main content

Во тешка сообраќајка кај српско-унгарската граница загина Македонец

Страшна сообраќајна несреќа се случи утринава околу 5:15 часот на автопатот кај Хоргош, во близина на српско–унгарската граница, при што едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено, јавува српски Блиц.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога возачот на патнички автомобил марка „Киа“ со македонски регистарски таблички ја изгубил контролата врз возилото, излетал од коловозот и се превртел.

Сопатникот кој бил во возилото починал на самото место од здобиените повреди, додека возачот е префрлен со тешки телесни повреди во Општата болница во Суботица.

На терен веднаш излегле надлежните служби, а увид извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица и сообраќајната полиција.

Истрагата е во тек и треба да утврди дополнителни околности кои довеле до трагедијата.

Поврзани вести