
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија, Одделот за кривични истраги и Службата за истрага на воени злосторства го уапсиле А. К. (52) под сомнение дека за време на вооружените конфликти на Косово, како член на таканаречената „ОВК“, извршил кривично дело организирање група и поттикнување на извршување геноцид и воени злосторства.
Во април 1998 година, осомничениот се приклучил на локалниот штаб на таканаречената „ОВК“ за селото Ромаја, општина Призрен, а како член на 138-та бригада „Агим Рамадани“ учествувал во нападот врз караулата Кошаре во 1999 година, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Со наредба на дежурниот јавен обвинител за воени злосторства, на осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде однесен во надлежното обвинителство со кривична пријава.
Косовските служби го потврдија апсењето на граѓанинот Авни Ќенај во централна Србија и изјавија дека е испратена усна нота до дипломатските мисии на земјите од „Квинтата“ во Белград.
Меѓународната заедница беше повикана и да ја зголеми будноста и притисокот врз српските власти“, се наведува во соопштението.
Таму се додава дека откако ќе се дознае точната локација на уапсеното лице, Канцеларијата за врски на Косово во Србија ќе поднесе официјално барање за посета на уапсеното лице.

Македонски








