Skip to main content

Трагедија во Мостар: Маж ја уби својата партнерка на плоштад во центарот на градот

Вечерва во Мостар се случи тешко убиство, потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон. Маж со огнено оружје усмртил жена на плоштадот „Иван Крндељ“.

„Пријавата ја добивме во 18 часот. Убиството се случило на плоштадот Иван Крндељ. Дежурниот кантонален обвинител е известен и истрагата се спроведува на лице место. Повеќе информации ќе бидат познати подоцна“, изјави накратко Илијана Милош, портпарол на Полициската управа на МВР на ХНК.

Според првичните сознанија, жената бегала од напаѓачот од Автобуската станица, по што втрчала во близок ресторан барајќи помош и наводно успеала да се јави во полиција. Напаѓачот ја стигнал и ја застрелал со пиштол.

Полицијата веднаш реагирала и го уапсила осомничениот на самото место.

Поврзани вести