
Едно лице загина, а друго е полесно повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила денеска по границата на Македонија – Грција, на патот кон Солун. Како што јавува грчки „Прототема“, несреќата се случила после наплатната рампа Малгара, кога под нејасни околности автомобил се судрил со камион.
Во несреќата загина 70-годишна жена, а маж со полесни повреди е пренесен во болница.
Сообраќајот во моментот се одвива отежнато, а сообраќајната полиција го регулира местото.
Νεκρή 70χρονη από το τροχαίο στα διόδια των Μαλγάρων, αυτοκίνητο συγκρούστηκε με νταλίκα#ingr #news #τροχαιο pic.twitter.com/usZCugtep2
— in.gr/news (@in_gr) June 9, 2026

Македонски



