
Државјанка на Србија (73) е пронајдена без светст во вторникиот наутро на плажата Макригијалос во Пиерија (Катерини), соопшти денес крајбрежната стража на Грција.
Таа е пренесена со амбулантно возило во Здравствениот центар Егинио, каде што е прогласена за мртва, јавува агенцијата Ана.
Како што е наведено, во тек е истрага од страна на Централната пристанишна управа на Солун.
Пред две недели, телото на жена од Србија (73) беше пронајдено во морето во близина на Касандра, а службите за итни случаи ја прогласија за мртва.