
Владата на Полска му забрани на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик да влегува во таа земја и да транзитира низ неа, објави сараевскиот портал Politiki.ba. Во образложението на одлуката беа споменати антидејтонските и сецесионистичките активности на Додик.
Полската влада со оваа мерка не ги вклучи другите функционери од Република Српска, наведува Politički.ba.
На почетокот на април, Германија и Австрија му забранија на Додик влез во тие земји, а покрај него, истата мерка им беше изречена и на претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, и на премиерот на ентитетот, Радован Вишковиќ.
Додик долго време е под санкции на Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД).
По Додик, Стевандиќ и Вишковиќ е издадена централна потерница во Босна и Херцеговина, бидејќи не се јавиле на поканата на Државното обвинителство, кое ги обвинува за „напад на уставниот поредок“.