Излегуваат нови детали за грозоморниот масакр во Цетиње. Убиецот Ацо Мартиновиќ имал доволно време да оди од куќа до куќа низ малото гратче и да убива бидејќи практично немало полицајци.
Како што се тврди во емисијата „Кирилица“ на ТВ Хели во Цетиње тој ден имало само девет полицајци бидејќи другите биле прераспоредени во Тиват каде таа ноќ концерт имал Здравко Чолиќ.