Skip to main content

Мицотакис го предожи претседателот на парламентот Тасулас за нов претседател на Грција

Премиерот на Грција Киријакос Мицотакис го предложи шефот на Парламентот Константинос Тасулас за кандидат за претседател на Републиката. Гласањето за одобрување или не на предлогот ќе се одржи на 25 јануари во Собранието.

„Во наредниот период и во проблематично меѓународно опкружување, на земјата и треба претседател на Републиката со долга историја во јавноста и со политички карактеристики“, рече Мицотакис.

Тој посочи дека името на Тасулас има широк консензус и дека доказ за тоа е фактот што тој трипати бил избиран за претседател на грчкиот парламент со најсилно мнозинство во постколонијалниот период: со 283, 270 и со 249 гласови.

Константинос Тасулас од своја страна во своето излагање во Собранието веднаш по изјавата на премиерот, како главни приоритети ги истакна зачувувањето на националното единство и хармоничното функционирање.

По прогласувањето на Константинос Тасулас за кандидат за претседател на Републиката од редовите на Нова Демократија, пратениците треба да изберат нов претседател на Собранието, а како кандидат за ова функција се споменува Никитас Какламанис.

Претседателот на парламентот се избира со мнозинство гласови од најмалку 151 пратеник.

Грчките медиуми објавија дека актуелната грчка претседателка Александра Сакеларопулу веќе некое време била свесна дека мандатот нема да и биде продолжен. Мицотакис и Сакеларопулу вчера повторно разговарале, а и претходно ѝ било предочено дека нема да добие втор мандат како претседателка на Република Грција.