Skip to main content

Македонски државјани фатени со 137 килограми марихуана, добија притвор во Бугарија

На граничниот премин Ѓуешево, фатени се двајца Македонци со 137 килограми марихуана, јавија денеска бугарските медиуми.

Под раководство на Окружното обвинителство во Ќустендил се води истрага за шверц на наркотични супстанции преку граница – кривично дело според член 242, став 2, во врска со член 20, став 2 од Кривичниот законик.

На 18 декември 2024 година, околу 22:30 часот, на влезот за камиони на ГП Ѓуешево пристигнале две товарни возила со регистарски таблички од Македонија, натоварени со руда за Турција.

Царинските инспектори ги селектирале возилата за детална контрола. Во приколката на вториот камион биле пронајдени специјално изработени скриени прегради во дрвените хоризонтални рамки. Во нив биле откриени 320 пакети со наркотична супстанција – марихуана, со вкупна тежина од 137,045 килограми.

Возачите на камионите, македонските државјани Г.Н. и И.М., се осомничени и обвинети во постапката.

Со одлука на јавниот обвинител, лицата се задржани во притвор во траење од 72 часа. Во наредниот период ќе биде побарано судско определување мерка „притвор“ за обвинетите.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibom