Skip to main content

Косово: И во 13-от обид не беше конституиран парламентот, кризата се продлабочува

Косово и натаму е заглавено во политичкиот ќорсокак, откако рано претпладнето во петокот пропадна и 13. обид за конституирање на парламентот, предизвикувајќи загриженост за институционална парализа и прерасна во сериозен тест за државната зрелост на Косово.

Косово продолжува да биде без функционален парламент, бидејќи пратениците повторно не успеаја да конституираат ново состав на законодавнито дом, точно три месеца по одржувањето на парламентарните избори на 9 февруари.

Како и на седниците од изминатите неколку дена, во петокот претседателот на конститутивната седница, Авни Дехари, повторно побара формирање комисија која ќе го надгледува тајното гласање за претседател на парламентот. Предлогот не доби доволно гласови и седницата беше одложена за да продолжи два дена подоцна, во недела претпладне.

На изборите во февруари ниту една партија не освои мнозинство за да владее сама. Движењето Самоопределување на Албин Курти победи, освои 48 места, 13 помалку од минимумот 61 потребен за самостојно формирање на новата влада. Затоа Самоопределување не успева да обезбеди 61 глас потребен за избор на Аљбуљена Хаџиу на позицијата претседател на Собранието.

Хаџиу од страна на Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово се смета за „фигура што предизвикува поделби“, додека Демократската лига на Косово вели дека нема да поддржи ниту еден кандидат на Самоопределување за претседател на парламентот.

Самоопределување инсистира дека Хаџиу заслужува да биде избрана и, иако бара политички договори со други партии, ја отфрли можноста за предлагање друг кандидат.

И покрај некои неодамнешни потези за надминување на застојот, нема договор меѓу парламентарните партии. ЛДК, која се најде на третото место, освојувајќи 20 места, ја отфрли понудата на Самоопределување за владина коалиција. Наместо тоа, лидерот на ЛДК, Лумир Абдиџику, повика на формирање преодна влада меѓу парламентарните партии до назначувањето на претседателот на земјата, односно во април 2026 година, кога завршува мандатот на сегашната претседателка Вјоса Османи.

Иако Самоопределување веднаш се спротивстави на идејата за таква влада, другите парламентарни партии изразија подготвеност за разговор.

Поврзани вести