
Двајца мажи се повредени во судир меѓу мигранти во камп во близина на Сараево. Според Министерството за внатрешни работи (МВР) двајцата повредени се во опасност. Од шесте повредени мажи, кај пет биле констатирани сериозни телесни повреди, додека за еден маж лекарите не коментирале за степенот на повредите. Двајца мажи чии животи се во опасност се во Клиничкиот центар во Сараево.
Меѓу повредените се еден Пакистанец и пет Авганистанци. Полицијата изјави дека во текот на ноќта неколку лица биле испрашувани како сведоци и моментално има неколку лица со статус на осомничени.
Кампот Блажуј е еден од четирите прифатни центри за мигранти во Босна и Херцеговина. Според податоците од Меѓународната организација за миграција (ИОМ), на почетокот на мај, во овој камп имало околу 320 лица од вкупно околу 540 во четири кампа.