
За време на привремената спреченост на претседателот на Република Србија да ги извршува своите должности, неговите должности и одговорности ги презема претседателот на Парламентот, максимум три месеци, како што е пропишано со Уставот.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој во петокот ја скрати посетата на САД од здравствени причини и вчера беше на лекарски преглед во Военомедицинската академија, лекарите му советуваа да направи пауза од извршувањето на секојдневните обврски.
Здравствената состојба на Вучиќ е стабилна, според тестовите спроведени вчера, но кардиологот и началник на Управата за воено здравство Драган Динчиќ изјави дека „не е реално да се очекува тој да се врати на редовните активности во следните неколку дена“.
Во тој период, должностите на Вучиќ формално треба да ги преземе претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ.
„Кога претседателот на Републиката е спречен да ги извршува своите должности или неговиот мандат истекува пред истекот на мандатот за кој е избран, него го заменува претседателот на Народното собрание“, според член 120 од државниот Устав, објавува Нова.
Став 2 од тој член предвидува дека „претседателот на Народното собрание може да го заменува претседателот на Републиката најмногу три месеци“.
„Претседателот на Народното собрание е должен да распише избори за претседател на Републиката, така што тие ќе се одржат најдоцна во рок од три месеци од настанувањето на неможноста на претседателот на Републиката да ги извршува своите должности или од престанокот на мандатот за кој е избран“, според став 3 од член 120 од Уставот на Република Србија.