Skip to main content

И во 12-от обид косовското Собрание не успеа да избере претседател

 Косовските пратеници не успеаја да ја завршат конститутивната седница, што почна на 15 април, ниту по дванаесетти пат, поради несогласувања помеѓу најголемите партии.

Парламентарната седницата повторно беше прекината бидејќи победничката партија на февруарските избори, Движењето Самоопределување, не доби доволно гласови за да формира комисија за тајно гласање за претседател на Собранието.

Демократскиот сојуз на Косово, трета партија по освоените гласови со 20 пратенички мандати, вчера ја одби понудата на Самоопределување двете партии да формираат владејачка коалиција.

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Љумир Абдиџику повика на формирање преодна влада до изборот на новиот претседател на Косово во април 2026 година, кога завршува мандатот на сегашната претседателка Вјоса Османи.

Абдиџику повтори дека е невозможна соработка со лидерот на Самоопределување, Албин Курти, е невозможна.

Додека пратеникот на Самоопределување, Џељаљ Свечља, изјави дека неговата партија е против привремената влада.

Повеќе од еден месец по потврдувањето на конечните резултати од изборите, односно 14 дена по првата конститутивна седница, косовското Собрание сè уште е без претседател и потпретседател, а Косово сè уште е без нова влада.

Според официјалните резултати од изборите одржани на 9 февруари, од 100 пратенички места во Собранието на Косово, Самоопределување освои 48 места, ПДК 24, Демократската лига на Косово (ЛДК) 20 и ААК/НИСМА осум. Останатите 20 места се наменети за малцинските заедници.

Процесот на формирање нова влада во Косово може да почне дури по изборот на претседател и потпретседател на Собранието. За избор на нова влада е потребна поддршка од најмалку 61 пратеник во Парламентот, кој има 120 места.

Поврзани вести